Skip to main content

ГКК Охрид славеше победа против Соколи

ГКК Охрид стана нов прволигаш

Охрид и Вардар во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде шампион во Втората лига.
 |  инфодеск  | 

Градскиот кошаркарски клуб Охрид славеше во „мајсторката” против Соколи 1933 од Штип со резултат од 64:55 и првпат во својата кратка историја ќе биде дел од Првата кошаркарска лига.

Во третиот натпревар кој беше одлучувашки кој ќе патува во кошаркарската елита на Македонија, охриѓани беа подобар противник во психолошки тежок натпревар.

Во првиот меч Охрид на домашен терен славеше со 84:68, а во второто соочување во Штип, Соколи 1933 пред својата публика во „Јордан Мијалков” со 79:70 се избори за трет натпревар.

Во „мајсторката” Охрид беше подобар тим и обезбеди место во „елитата”.Охриѓани од следната сезона одново ќе гледат прволигашка кошарка во „Билјанини Извори”, откако до 2019 година во Првата кошаркарска лига настапуваше АВ Охрид, а пред повеќе од една деценија настапуваше Амак СП кој го освои и трофејот во Купот на Македонија.

Покрај ГКК Охрид место во Првата лига обезбеди и Вардар, кој беше подобар во двата натпревари од екипата на Ангели. Сега, Охрид и Вардар во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде шампион во Втората лига.