Охридските кошаркари утре ги продолжуваат натпреварите во Првата македонска лига.
ГКК Охрид во шестото коло на домашен терен го пречекуваат актуелниот шампион МЗТ Скопје. Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот.
Во досегашниот тек на првенството ГКК Охрид има четири порази и една победа.