Skip to main content

Прва македонска кошаркарска лига

ГКК Охрид утре на домашен терен против шампионот МЗТ Скопје

Натпреварот ГКК Охрид – МЗТ Скопје ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Охридските кошаркари утре ги продолжуваат натпреварите во Првата македонска лига.

ГКК Охрид во шестото коло на домашен терен го пречекуваат актуелниот шампион МЗТ Скопје. Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот.

Во досегашниот тек на првенството ГКК Охрид има четири порази и една победа.