Во Недела ќе се одигра финалето во Втората македонска кошаркарска лига кое ќе се одлучи кој ќе го подигне трофејот.
Кошаркарите на Охрид обезбедија историски пласман во Првата лига, откако во „мајсторката” беа подобри од Соколи од Штип.
Сега пред охридските кошаркари е можност да станат шампиони во Втората кошаркарска лига.
Во недела ќе биде одиграно големото финале помеѓу двете екипи кои обезбедија прволигашки статут за следната сезона, Вардар и Охрид, а победникот ќе го подигне шампионскиот пехар во второлигашката конкуренција за сезона 2022/2023.
Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Кале” во Скопје, со почеток од 18:30 часот.
Во натпреварот за 3. место ќе играат Ангели и Соколи, односно двете екипи кои беа поразени од Вардар и Охрид.