Голем успех на најдобрата јуниорка во Македонија, Јована Милевска
Во периодот од 31.01-02.02.2020 година во Нови Сад Р.Србија се одржа престижното интернационално првенство со воздушно оружје на 10 метри -„Војводина Куп 2020“.
Во периодот од 31.01-02.02.2020 година во Нови Сад Р.Србија се одржа престижното интернационално првенство со воздушно оружје на 10 метри -„Војводина Куп 2020“.
На ова првенство учествуваа стрелци од Македонија, Босна, Србија, Хрватска и Египет. Нашата држава ја претставуваа неколку стрелци и тоа: Ана Ивановска од Битола во дисципплината Air Rifle Women 60, Јована Милевска во дисциплината Air Rifle Women 60 junior и од мажите настапи Михаил Шишкоски во дисциплината Air Rifle Men 60.
Спортистите на ова првенство се претставија во најдобро светло и остварија висок пласман. Нашата најдобра јуниорка Јована Милевска се пласира на 6-тата позиција со свој нов личен рекорд од 614.9 кругови. Во севкупен пласман жени таа се пласира на 12-тата позиција од вкупно 31 натпреварувачка. Во нејзина категорија не се пукаше финале на кое таа би влегла како 6-то пласирана, а за влез во финалето на сениорките и беа потребни уште 3.1 кругови.
Во категорија на сениори, нашиот најдобар стрелец, Михаил Шишкоски се пласира на 12-тата позиција со резултат од 598.4 кругови, подобрувајќи го својот резултат од настапот во Белград за 10-тина кругови. За две недели започнуваат и Куп натпреварите на МССФ, а Јована Милевска е пријавена и за учество на Европското Првенство што треба да се одржи од 23.02.-02.03.2020 година во Вроцлав, Полска.