Skip to main content

Охрид трчат

Голема детска трка во Охрид

На стадионот „Билјанини извори“ денеска се одржа „Детска трка“ на која учество зедоа над 500 првооделенци од охридските основни училишта.
 |  инфодеск  | 
Детска трка

Околу 500 првооделенци од сите охридски основни училишта беа дел од големата „Детска трка“ која се одржа денеска на стадионот „Билјанини извори“ во организација на „Охрид ТрчаТ“.

Спортската манифестација чија цел е да ги промовира спортските навики кај најмладите и да ја подигне свеста за поголема физичка активност, беше поддржана од Делегацијата на ЕУ во нашата држава и од Општина Охрид. Официјалниот слоган на трката беше „Run and be GREEN“.

Детска трка

Трката за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Овој прекрасен ден за мене носи тројна радост, најпрво како родител кој е тука да го бодри своето дете, како спортист кој ужива во ваква неповторлива спортска атмосфера и како градоначалник кој е неизмерно горд што неговиот град од година во година прераснува во спортски центар, што организира вакви спортски манифестации. Спортот дава мотивација и храброст и не збогатува со доблести кои се важни за развојот на една личност. Ова е еден од ретките настани кои имаат за цел да го промовираат спортот и здравите навики кај децата уште од најрана возраст, па затоа заслужува вистинско внимание и поддршка – истакна Пецаков во дел од своето обраќање.

Детска трка

Детската трка немаше натпреварувачки карактер, а сите учесници добија признанија за своето учество. Трката е дел од организацијата на овогодинешното издание на атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“ што од 3-ти до 5-ти јуни ќе се одржи во Охрид.

Детска трка
Детска трка
Детска трка