Skip to main content

ГРК Охрид

Голман од Босна го засилува ГРК Охрид

19-годишниот перспективен голман ќе го замени некогашниот европски првак Борац Бања Лука со Охрид.
 |  инфодеск  | 
Голман засилување ГРК Охрид

Берин Бркиќ, кој важи за еден од најталентираните голмани во БиХ, би требало да биде ново засилување за амбициозната екипа на Охрид за следната сезона, пишува „Свијет рукомета“.

Според информациите од овој медиум, 19-годишниот перспективен голман ќе го замени некогашниот европски првак Борац Бања Лука со Охрид.

По завршувањето на актуелната сезона Бркиќ од Зеница ќе пристигне во Охрид, а својата кариера овој млад голман ја започна во Маглај, а три години го носи дресот на Борац Бања Лука.