Горан Андоновски се враќа на позицијата тренер на ГРК Охрид, информираат од охридскиот ракометен клуб.
Некогашниот репрезентативец на Република Македонија кој го има најголемиот успех со овој клуб во ЕХФ купот, потпиша двегодишен договор – велат оттаму.
Наум Бабачев пак, ќе биде помошник тренер. Бабачев е дел од клубот од почетоците и како играч и како тренер на дел од младинските категории.