Skip to main content

Општина Охрид

Градоначалникот Пецаков им ја честиташе титулата на младите фудбалери од Фер Плеј

На првенството во категорија на детски лиги организирано од ФФМ, екипата на „Фер Плеј“ играше без пораз и беше најдобра во конкуренција од 120 клубови од цела Македонија.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младите фудбалери од фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид, кои ја освоија титулата -Државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година.

Градоначалникот Пецаков упати срдечни честитки до дечињата и нивните трењери со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истака дека Општина Охрид како и до сега ќе продожи да инвестира во спортот и да дава поддршка на младите спортисти.

На првенството во категорија на детски лиги организирано од ФФМ, екипата на „Фер Плеј“ играше без пораз и беше најдобра во конкуренција од 120 клубови од цела Македонија.

„Фер Плеј“ е првата охридска фудбалска екипа која освоила ваква титула.  Екипата ја водат тренерите Марјан и Игор Настоски.