Градскиот кошаркарски клуб Охрид, кој избори историски пласман во Првата кошакарската лига на Македонија, оствари нова одлична соработка со грчкиот кошаркарски клуб Олимпија Лариса, кој од 2. до 4. јуни ќе гостува во најголемиот туристички центар – Охрид.
Македонскиот и грчкиот клуб ќе одиграат три пријателски натпревари со генерацијата U-14 и U-16 мажи.
Натпреварите ќе се одиграат во Спортската сала „Билјанини Извори”, а времето на одигрување на натпреварите ќе биде дополнително објавено, соопштуваат од клубот.
„Како клуб продолжуваме со реализација на вакви соработки со странски клубови кои ќе ни овозможат со цел раст и развој на младите категории во нашата школа”, велат од Градскиот кошаркарски клуб Охрид.