Машка ракометна суперлига
ГРК Охрид интензивно се подготвува за завршницата од плеј-офот во Супер лигата
ГРК Охрид предводен од Горан Андоновски веќе викендов во рамки на 12. коло на домашен терен ја пречекува екипата на Пролет.
Ракометарите на Охрид ја искористија репрезентативната пауза за интензивни подготовки за завршницата од плеј-офот во Супер лигата, кој продолжува викендот.
„Гладијаторите” изминатата недела работеа под полна пареа, со исклучок на турскиот интернационалец Каракоч и грузијците Рустамов и Цинцадѕе, кои имаа репрезентативни обврски.
ГРК Охрид предводен од Горан Андоновски веќе викендот во рамки на 12. коло на домашен терен ја пречекува екипата на Пролет, во битка за задржување на шансите за освојување на четврото место кое води во еврокуповите.


