Охрид ги започна подготовките за новата сезона со нов стручен штаб, со осум нови ракометари, но и со нов капитен.
Крсте Андоновски му ја предаде капитенската лента на кружниот напаѓач Иван Тасески, кој ќе биде новиот капитен на „гладијаторите“.
ГРК Охрид вчера промовираше уште едно во низата засилувања. Голманот на Еурофарм Пелистер, Бобан Ристевски во сезоната 2023/24 ќе го носи дресот на Охрид.
Клубот досега ангажираше вкупно осум засилувања, четворицата македонски ракометари и двајца странски. Дресот на ГРК Охрид ќе го носат голманот Даниел Ѓорѓески, левото крило Гоце Ојлески, десно крило Никола Стоилевски и одбрана Милорад Кукоски како и младиот босански репрезентативен голман Берин Бркиќ, грузиецот Теимураз Орјоникидзе и хрватскиот интернационалец Рудолф Звонимир Сафранко.
Охрид во новата сезона ќе биде предводен од нов тренер, откако на местото на Горан Андоновски дојде Стевче Алушовски.
Охриѓани пред стартот на сезоната ќе одиграат два тест натпревари со Вардар и Еурофарм Пелистер, а од 23 до 26 август, ќе бидат домаќини на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.