Skip to main content

Ракомет

ГРК Охрид со срце за Сузе

ГРК Охрид во среда ќе ја пречека екипата на Вардар. Паричните средства од продадените карти ќе бидат наменети за лекувањето на Сузана Анчевска.
 |  инфодеск  | 
Хуманитарен натпревар

ГРК Охрид во среда во салата „Билјанини Извори“ ќе ја пречека екипата на Вардар.

Средствата од продадени билети ќе бидат искористени во хуманитарни цели за потребите на лекување на нашата сограѓанка Сузана Анчевска. Кај неа мора да биде спроведена трансплантација на коскена срцевина, нешто што не може да се реализира во нашите институции и истото мора да биде реализирано во Р. Турција.

Натпреварот е со почеток во 18 часот, а влезот ќе чини 50 денари.