Охрид го одбрани трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“

Домаќинот Охрид го освои трофејот на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Во финалето, охриѓани го совладаа Вардар со 29:27 (12:10).
Ова беше второ финале во изминатите десет дена во кое се сретнаа овие два ривали. Претходно, Охрид славеше против Вардар и во финалето на турнирот во Струга.
Третото место на турнирот го освои Загреб, кој по изведувањето пенали го совлада Тримо Требње.
За ГРК Охрид и РК Вардар ова беше уште една контролна средба пред почетокот на сезоната Ривалството продолжува и на почетокот на септември, кога Охрид и Вардар повторно ќе ги одмерат силите, овојпат во финалето на Суперкупот на Македонија.
На турнирот беа доделени и индивидуалните признанија. За најдобар дефанзивец беше прогласен Марко Мамиќ од Загреб, додека признанието за најдобар стрелец му припадна на Абделрахман Ашраф од јуниорската репрезентација на Египет. Најдобар голман беше Дино Славиќ од Охрид, а најпрестижното признание, МВП наградата, заврши во рацете на неговиот соиграч Доминик Мате.







