Ракометарите на Охрид во последното коло претрпеа висок пораз од екипата на Бутел во Скопје со 24:17 и со тоа го загубија и петтото место во плеј-офот од Супер лигата на Македонија, па така сезоната ја завршуваат на шестата позиција.
Екипата на Охрид беше поконкретна во воведниот дел, имаше три пат водство од два гола предност, но екипата предводена од Грчевски не дозволи гостинот од Охрид да направи поголема разлика, а до крајот на првиот дел Бутел стигна до водство од 12:9 на полувреме.
Во вторито дел Бутел направи разлика на 14:9, па момците на Андоновски вратија на 14:11, но финишот од мечот донесе поголема концентрација кај домашните ракометари кој направија посериозна разлика и со тоа ги решија сите дилеми околу победникот. На крај, конечните исход беше 24:17 и висок триумф за Бутел.
Мирко Мајиќ и Кристијан Давитковски го водеа Бутел до победа со по шест гола, додека пак кај Охрид најдобар со пет погодоци беше Деан Шешиќ.
Со овој натпревар Охрид ја заврши сезоната на 6. место, откако остана без Европа во претходното коло, во оваа коло остана и без петтото место.