Изминатиот викенд во организација на Атлетска федерација на Македонија во Скопје се одржа атлетски митинг „Светски ден на атлетиката” кој беше наменет за неколку категории на атлетичари и тоа сениори/ки, млади младинци/ки и Детска атлетика во двете категории 7/8 години и 9/10 години.
На истиот натпревар членовите на АК „Охрид трчаТ” учествуваа со 42 атлетичари кои настапија во сите споменати категории. Претставниците на клубот забележаа значајни резултати и тоа во сите категории:
1. Детска атлетика категорија 9/10 години – екипно прво место
2. Детска атлетика категорија 7/8 години – екипно 5 место
3. 100 метри сениори Владимир Пердулоски – трето место
4. Скок во далечина сениори Владимир Пердулоски – прво место
5. 100 метри млади младинки Јана Димоска – трето место
6. 800 метри млади мадинки Софија Балоска – второ место, додека на истата дисциплина Ангела Ѓоршеска го освои третото место
7. Скок во височина млади младинци Бојан Секулоски – трето место
8. Скок во височина млади младинки Софија Коруноска- второ место додека Матеа Матеска – трето место.
Успешниот настап на младите атлетичари на АК “Охрид трчаТ” го надополнија и другите наши атлетичари кои постигнаа одлични резултати за нивната возраст и скоро сите си ги подобрија своите лични рекорди. Претстојниот викенд пред нас е уште еден атлетски натпревар, државно пионерско првенство, на кој очекуваме нашите атлетичарчиња да постигнат одлични резултати – велат од АК „Охрид трчаТ“.