Skip to main content

Атлетски митинг

Грст награди за атлетичарите од АК „Охрид трчаТ“

Во Скопје се одржа атлетски митинг „Светски ден на атлетиката” на кој учество зедоа 42-ца атлетичари од АК „Охрид трчаТ“.
 |  инфодеск  | 
Ак Охрид трчат атлетски митинг

Изминатиот викенд во организација на Атлетска федерација на Македонија во Скопје се одржа атлетски митинг „Светски ден на атлетиката” кој беше наменет за неколку категории на атлетичари и тоа сениори/ки, млади младинци/ки и Детска атлетика во двете категории 7/8 години и 9/10 години.

Ак Охрид трчат атлетски митинг

На истиот натпревар членовите на АК „Охрид трчаТ” учествуваа со 42 атлетичари кои настапија во сите споменати категории. Претставниците на клубот забележаа значајни резултати и тоа во сите категории: 

1. Детска атлетика категорија 9/10 години – екипно прво место

2. Детска атлетика категорија 7/8 години – екипно 5 место

3. 100 метри сениори Владимир Пердулоски – трето место

4. Скок во далечина сениори Владимир Пердулоски – прво место

5. 100 метри млади младинки Јана Димоска – трето место

6. 800 метри млади мадинки Софија Балоска – второ место, додека на истата дисциплина Ангела Ѓоршеска го освои третото место

7. Скок во височина млади младинци Бојан Секулоски – трето место

8. Скок во височина млади младинки Софија Коруноска- второ место додека Матеа Матеска – трето место.

Ак Охрид трчат атлетски митинг

Успешниот настап на младите атлетичари на АК “Охрид трчаТ” го надополнија и другите наши атлетичари кои постигнаа одлични резултати за нивната возраст и скоро сите си ги подобрија своите лични рекорди. Претстојниот викенд пред нас е уште еден атлетски натпревар, државно пионерско првенство, на кој очекуваме нашите атлетичарчиња да постигнат одлични резултати – велат од АК „Охрид трчаТ“.  

Ак Охрид трчат атлетски митинг