Гвардиола: Мурињо е најдобриот менаџер во светот
Пред првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите меѓу Интер и Барселона менаџерот на каталонскиот состав Пеп Гвардиола на прес конференција имаше полна уста комплименти за харизматичниот португалец Жозе Мурињо.
Одма откако што неговиот тим стигна во Милано по 12 часа патување со автобус тренерот на актуелниот европски шампион се обрати пред новинарите.
„Не очекува навистина тежок натпревар. Играме против добар тим кој од клупата го предводи најдобриот светски тренер во моментов.“
„Каде што работел, дали во Португалија, Англија или Италија, освојувал шампионски титули, па дуелот против него за мене е голема мотивација.“ – изјави Гвардиола.
„Кога станува збор за патувањето со автобус, мислам дека позитивно влијаеше врз целата атмосфера пред натпреварот пред се, поради тоа што играчите беа во еден автобус, а јас и останатиот дел од тимот во друг.“
„Ова патување кое траеше 12 часа им овозможи на играчите да ги прегледаат некои од снимките со натпреварите на Интер и да ја анализираат неговата игра за да можат достојно да се спротивстават на Џузепе Меаца.“ – заврши шпанецот.
{loadposition content9}