Skip to main content

Гвардиола останува во Барса

На прес-конференцијата во пресрет на денешниот натпревар со Гетафе, стратегот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека е задоволен од управата ан Барса и додава дека неговиот договор не е приоритет.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pep Gvardiola
Пеп Гвардиола

На прес-конференцијата во пресрет на денешниот натпревар со Гетафе, стратегот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека е задоволен од управата ан Барса и додава дека неговиот договор не е приоритет.

Pep GvardiolaГвардиола подолго време преговара со управата на Барселона за продолжување на неговиот договор кој истекува по крајот на оваа сезона.
Во медиумите се појавија многу шпекулации но стратегот вели дека продолжувањето на верноса не е приоритет.

“Имам уште една година од мојот договор и многу работа во следниот период. Продолжување на мојата верност не е приоритет.”

“Денот кога ќе почувствувам дека сакам да го сторам тоа а и клубот го посакува истото, ќе ја продолжам верноста што е можно побрзо и дискретно.”

“Задоволен сум од управата и ќе бидам задоволен од следната управа бидејќи тие ќе бидат партнер избран од луѓето.”
“Пред мене е има долги и напорни 11 месеци и ќе имам време за се.”
За дуелот со Гетафе на располагање е и Андрес Ињеста кој нема настап од финалето од Лигата на Шампионите во Рим.

“Со Ињеста сме малку посилен тим. ”
Во составот исто така е и Лео Меси, кој вчера пристигна од Аргентина по двата шокантни порази на неговата селекција по кои настапот на СП 2010 им е доведен во прашање.

“Меси е во тимот поради тоа што е физички фит. Малку е разочаран и со намален морал но тоа е ОК.”

“Тој ја сака својата земја и многу сака да игра на Светскиот Шампионат со Аргентина.”

“Фудбалот секогаш овозможува свежи прилики и ќе видиме како тој ќе игра утре.”

{loadposition content9}