По освојувањето на Бундес лигата, играчите со менаџерот на Баерн Минхен на чело, отишле во ноќен клуб и се опијаниле, тврди ирски новинар.
Ирскиот новинар Eamon Dunphy тврди дека за елиминацијата на Баерн од Реал во полуфиналето на Лигата на шампиони е виновна пијанката на Баварците по освојувањето на титулата во Бундес лигата.
Dunphy тврди дека од свои извори дознал како таа вечер, Пеп Гвардиола, наводно го носеле пијан од клубот и дека по таа бурна вечер играчите ја смениле сликата за својот тренер.
„По освојувањето на Бундес лигата, играчите и стручниот тим на чело со Гвардиола отишле во ноќен клуб. Останале таму до наутро, а го изнесле пијан околу 7 наутро. Биле пијани, а по тој инцидент не беа оние вистинските“, рекол Dunphy, кој смета дека токму таа пијанка е причината за падот на формата на Баварците.
{loadposition content9}