Доколку може да се верува на пишувањата на The Sun, менаџерот на Челзи,Хозе Мурињо, е одлучен во намерата да ова лето го доведе во редовите на својот тим Марио Манџукиќ.
Минатото лето Мурињо долго време пробуваше да го реализира трансферот на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед, но тоа не му успеа и се сомнева дека тоа ќе го направат и следното лето.
Не е Челзи единствениот тим кој е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец, интерес покажаа и Манчестер Јунајтед и Арсенал и италијанскиот првак Јувентус. Бидејќи Баерн веќе договори трансфер на напаѓачот Роберт Левандовски, за кој се верува дека ќе има предност пред Манџукиќ, по се изгледа дека Марио е на излезната врата од Баерн Минхен. Останува да се види како ќе се развиваат работите и дали ќе се отстварат пишувањата на таблоидот The Sun.
Едно е сигурно, дека Манџукиќ и следната сезона ќе се бори за највисоки трофеи, само е прашање во чиј дрес затоа што сите кои го бараат припаѓаат на елитата.