Skip to main content

Хамилтон конечно на тронот

Бранителот на титулата во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мекларен Мерцедес) ја забележа првата победа сезонава на трката за Големата награда на Унгарија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lewis Хamilton
Луис Хамилтон

Бранителот на титулата во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мекларен Мерцедес) ја забележа првата победа сезонава на трката за Големата награда на Унгарија.

Lewis HamiltonТој стартуваше од вториот ред, но по распаѓањето на болидот на двократнит светски шампион Шпанецот Фернандо Алонсо ја презеде првата позиција и успеа да ја задржи до крајот на трката. Алонсо излета од патеката по првото застанување во пит – стопот, откако механичарите на Рено не ја прицврстија убаво предната десната гума на болидот. Хамилтон првиот триумф сезонава на британскиот тим му го донесе за 1:38:23 часа, пред второпласираниот Кими Раиконен (Ферари) и победникот од минатата трка, Австралиецот Марк Вебер (Ред Бул), кој заврши на третата позивија.

-Чувството е неверојатно, повторно да се биде на победничкиот подиум. Не верував дека ќе се претставиме добро во Унгарија. Болидот беше добар, но не се надевав на победа на трката, изјави Хамилтон.

Лидерот во генералниот пласман, Британецот Џенсон Батон (Браун ГП) заврши на седмата позиција, а неговиот тимски колега Рубенс Баричело заврши десети.

Во генералниот пласман прв е Батон со 70 бодови пред Вебер (51,5), а трет е Фетел со 47 бодови. Кај конструкторите прв е Браун ГП 114 бодови, пред Ред Бул (98,5) и Ферари со 40 бодови.

{loadposition content9}