Актуелниот светски првак во формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) ќе стартува од првата позиција во првата трка во новата сезона од Светското првенство за големата награда на Австралија која е на програмата во недела на патеката Алберт парк во Мелбурн.
До Хамилтон во првиот ред ќе биде неговиот клупски колега Германецот Нико Розберг (Мерцедес), додека од вториот ред ќе стартуваат Бразилецот Фелипе Маса (Вилијамс-Мерцедес) и Германецот Себастијан Фетел (Ферари).
Стартниот ред на првите десет изгледа вака:
1.Луис Хамилтон (Мерцедес)
2.Нико Розберг (Мерцедес)
3.Фелипе Маса (Вилијамс-Мерцедес)
4.Себастијан Фетел (Ферари)
5.Кими Раиконен (Ферари)
6.Валтери Ботас (Вилијамс-Мерцедес)
7.Даниел Рикардо (Ред Бул – Рено)
8.Карлос Сајнц (Торо Росо – Рено)
9.Роман Грожан (Лотус – Мерцедес)
10.Пастор Малдонадо (Лотус – Мерцедес)
{loadposition content9}