Skip to main content

Холанѓанките триумфираа во Охрид

Репрезентативките на Холандија се победници на Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија што од 6 јули се одржуваше во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
лого

Репрезентативките на Холандија се победници на Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија што од 6 јули се одржуваше во Охрид.

reprezentacija„Лалињата“ во финалниот натпревар, што се одигра синоќа пред околу 500 гледачи во салата „Билјанини извори“, беа поуспешни од кошаркарките на Романија, кои и покрај цврстата игра и на моменти тесното водство, сепак, на крајот беа поразени со резултат 59:53.

Во натпреварот за трето место, со подобра игра и резултат 94:81, репрезентативките на Белгија успеаја да ги совладаат кошаркарките на Словачка и да дојдат до бронзениот медал.
Во натпреварите за петтото односно седмото место, Грција ја совлада селекцијата на Португалија со 47:42, додека Унгарија славеше над Израел победувајќи со 83:64.

Конечниот редослед на репрезентациите е следниот: 1. Холандија 2. Романија 3. Белгија 4. Словачка 5. Грција 6. Португалија 7. Унгарија 8. Израел 9. Велика Британија 10. Австрија 11. Македонија.
Првопласираните две селекции, финалистите Холандија и Романија обезбедија пласман во посилната А дивизија.

{loadposition content9}