Skip to main content

Хрватска очекува 2,000 македонски навивачи

Вараждин е организациски подготвен за почеток на Светското првенство во ракомет и најавеното пристигнување на околу 5,000 навивачи, од кои најголем број околу 2,000, ќе бидат од Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Вараждин е организациски подготвен за почеток на Светското првенство во ракомет и најавеното пристигнување на околу 5,000 навивачи, од кои најголем број околу 2,000, ќе бидат од Македонија.

Ова, на прес конференција го истакнаа од Организацискиот одбор во Вараждин, градот домаќин во кој Макеоднија ќе игра своите натпревари од СП, во група со Полска, Германија, Русија, Алжир и Тунис.

Најголем број навивачи, околу 2,000, хрватските домаќини очекуваат од Македонија, околу 1,500 од Германија и околу 1,000 од Русија, додека се уште нема податоци за доаѓање на полски навивачи.

rakometna reprezentacijaБидејќи интересот на Македонците засега е најголем, компанијата „Алкалоид“ со организацискиот одбор потпиша договор за поставување посебен штанд на плоштадот во Вараждин.

„Ќе поставиме шатор во кој ќе се одржуваат централните настани за бројните навивачи од Македонија, но и за навивачите на другите репрезентации“, изјави невен Сукаровски, претставник на македонската компанија „Алкалоид“.

Освен посебното катче за македонските навивачи, вараждинските организатори се погрижиле навивачите на сите репрезентации да имаат свои места за собирање за што се предвидени некои од угостителските објекти во центарот на градот.

Натпреварите во Вараждин, во рамки на групата „Ц“ од Светското првенство во ракомет, ќе започнат со мечот Македонија – Тунис на 17 јануари.

 

 

{loadposition content9}