Skip to main content

Таеквондо

ХВА РАНГ ИТФ ќе учествува на силен турнир во БиХ

„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец, Охрид ќе учествува на силниот турнир „3 Гран При Зворник 2022“ кој ќе се одржи викендов во Босна и Херцеговина.
 |  инфодеск  | 
таекводно итф натпреварувачи

Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ викендов ќе учествува на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ. Најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот, каде што ќе учествуваат повеќе земји.

„ХВА РАНГ ИТФ“ ќе настапи под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски.

На овој натпревар боите на клубот, а воедно и на Македонијада одлучивме да ги бранат 20 натпреварувачи, од кои 5 редовни натпреварувачи, а 15 дебитанти. Се надеваме дека добро ќе не претстават иако конкуренцијата е голема – вели Марјанчо Лазаревски, кој изрази најголема благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој e најзаслужен за нивното учество на овој престижен натпревар, но и за сите нивни учества на турнири, како и за нивните огромни успеси.                                                                                                                   

Од клубот, воедноо го најавуваат и нивниот турнир „ОХРИД ОПЕН 2022”, кој е меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир. Турнирот ќе се одржи на 25-ти јуни во СРЦ „Билјанини извори“, каде ќе имаме можност да ги гледаме нашите натпреварувачи и да уживаме во убавините на овој атрактивен спорт.