„Хваранг Фист“ оствари одличен настап на теквондо турнирот Охрид Опен
Теквондо клубот „Хваранг Фист“ оствари одличен настап на теквондо турнирот „Охрид Опен“, кој се одржа викендов во Охрид и воедно беше прв турнир од новата сезона во рамките на Македонската теквондо лига. Турнирот беше во организација на ТК „Хваранг Фист“, под покровителство на Македонската теквондо федерација, Општина Охрид и Министерството за спорт на Република Македонија. На натпреварот учествуваа голем број клубови и натпреварувачи, а младите теквондисти на „Хваранг Фист“ покажаа одлична подготвеност, борбеност и спортски дух.
Во машка конкуренција, со златенмедал се закити Максим Ристески во категоријата пионери до 25 килограми. Сребрени медали освоија Димитар Грујоски (пионери до 31 кг), Христијан Николоски (пионери до 33 кг) и Ѓорѓи Петкоски (јуниори до 59 кг).
Со бронзени медали се закитија Јоаким Најдески (пионери +30 кг), Ристе Ѓелески (пионери до 27 кг), Петар Балоски (кадети до 45 кг), ПетарПеткоски (јуниори до 45 кг), Ахмет Синан (јуниори до 73 кг) и Ненад Целески (јуниори +78 кг).
Одлични резултати остварија и девојките од клубот. Златнимедали освоија Ева Милошоска (пионери до 40 кг) и Јана Спироска (јуниори до 63 кг). Токму Јана Спироска, покрај освоениот златен медал, беше прогласена и за најдобра јуниорка на турнирот, благодарение на нејзините убедливи и квалитетни настапи.
Сребренимедали освоија ЛеонаПавлеска (пионери до 36 кг), ЕмаОсмани (кадети до 44 кг) и АнастасијаСпироска (кадети до 55 кг).
Со бронзени медали се закитија Маријана Илческа (пионери до 25 кг), Љубица Митреска (пионери до 27 кг), ТеонаЦелеска (пионери до 27 кг), Марија Неделкоска (кадети до 41 кг), Емилија Целеска (јуниори до 55 кг) и Доротеа Најдеска (јуниори до 63 кг).
Покрај спортскиот дел, турнирот „Охрид Опен“ имаше и хуманитарен карактер. Сите средства наменети за плакети и признанија за спонзорите и поддржувачите, како и средствата собрани за време на самиот натпревар, ќе бидат донирани за помош на нашата Ева, со што спортот уште еднаш ја покажа својата хумана страна и солидарност.
Од ТК „Хваранг Фист“ изразуваат задоволство од постигнатите резултати и од ангажманот на младите спортисти, нагласувајќи дека ова е одличен почеток на сезоната во Македонската теквондо лига и дополнителна мотивација за уште поголеми успеси во следните натпреварувања.