Skip to main content

Ибрахимовиќ ќе одмара два меча

Најдобриот играч на ПСЖ ќе ги пропушти реваншот против Валенсија и првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони доколку клубот од Париз мине понатаму.

 |  Голабовски Крсте  | 
Zlatan Ibrahimovic
Златан Ибрахимовиќ

Најдобриот играч на ПСЖ ќе ги пропушти реваншот против Валенсија и првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони доколку клубот од Париз мине понатаму.

Zlatan IbrahimovicДисциплинската комисија на УЕФА го суспендира голгетерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ на два натпревара заради исклучувањето на првиот осминафинален дуел од ЛШ против Валенсија.
Ибрахимовиќ заработи директен црвен картон во победата на Местаља од 2:1 на 12. февруари, откако стартуваше над Андрес Гвардадо.
„Изненаден сум со оваа одлука. Јас веќе бев шокиран кога Ибрахимовиќ беше исклучен, сметам дека престрого заработи црвен картон, но два меча пауза е навистина неверојатно. Сигурно ќе се жалиме на одлуката на УЕФА“, рече тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти.
УЕФА ја одби и жалбата на Шалке за играњето на Дидие Дрогба за Галатасарај во првиот осминафинален меч (1:1).

{loadposition content9}