Игрите на „Пирели“ во Ф1
Pirelli конечно свати дека го уништи тркањето во Формула 1 и размислува за промена на овогодинешните компоненти пред Британското Гранд При.
По четирите посети на боксот кај повеќето од возачите на вчерашното Шпанско Гранд При се покрена дебата дали Pirelli oтидоа предалеку со овогодинешните гуми со нивниот “агресивен” пристап. Моторспорт директорот на Pirelli, Пол Хембери, објави дека италијанскиот производител на пневматици дека се размислува за промена на компонентите.
“Нашата цел беше да има две до три посети на боксот, а денес имаше премногу. Сакаме да се вратиме на нашиот првичен план. Ќе го направиме тоа пред Силверстоун, но морате да имате на ум дека повеќето тимови се “против”, а можеби само еден “за”.” – изјави Хембери.
“Затоа, ако кажам дека ќе направиме промени, тогаш возачите што денес беа на подиумот нема да бидат задоволни од тоа. Од друга страна, вие – медумите ќе ни велите дека шампионатот сме им го подариле на Red Bull.Ќе бидеме виновни доколку го направиме тоа, а ќе бидеме виновни и доколку не го направиме.” – додаде тој.
Кога беше запрашан дали експерименталната тврда гума, што ја тестираа тимовите во текот на петочните тренинзи, ќе помогнеше да имаме “понормална” трка, Хембери одговори:
“Мислам дека и таа не е доволно издржлива. Сепак ќе беше подобра бидејќи има помала гранулација и можеше да имаме трка со три застанувања во боксот.”
{loadposition content9}