Има надеж за Флечер
Манчестер Јунајтед би можел да поднесе жалба поради црвениот картон кој Дарен Флечер го доби на натпреварот против Арсенал во полуфиналето на Лигата на Шампиони.
Според зборовите на генералниот секретар на УЕФА, Дејвид Тејлор, Јунајтед би можел да се жали поради престрогата казна и забраната за играњево финалето на 27 мај во Рим.
„Би требало да се обратат до дисциплинското тело, кое ќе утврди дали е направен пропуст во процедурата“, изјави Тејлор.
„Ако тимот сака , може да испрати барање за преиспитување на одлуката заедно со доказите, како изјавите и видео материјалот, како и причините поради кои сметаат дека одлуката е престрога“.
Флечер, кој минатата година не влезе во игра во Лигата на шампиони, туку беше на клупата за резерви, доби црвен картон при крајот на судирот со Арсенал, поради стартор врз Сеск Фабрегас, Алекс Фергусон одлуката на судиите ја окаракетризира како трагична, а и Венгер изјави дека казната за Флечер е престрога.
{loadposition content9}