Skip to main content

Интер и Пандев преку ЦСКА ќе бркаат полуфинале

Пресметките на Баерн со Манчестер и Арсенал со Барселона се суператрактивните дуели во четвртфиналната фаза.

 |  Маја Савиќ  | 
Liga Shampioni
Лига на шампиони
InterПресметките на Баерн со Манчестер и Арсенал со Барселона се суператрактивните дуели во четвртфиналната фаза

Италијанскиот првак Интер, каде игра најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ја доби ЦСКА Москва за противник во четвртфиналето во Лигата на шампионите, реши ждрепката во Нион. Пандев и „нераѕурите“ на патот до првото саботно финале ќе мора најпрво да ги минат Русите, а потоа и еден од двата најатрактивни тимови Арсенал или европскиот првак Барселона за да се најдат во Мадрид на 22 мај.

Ждрепката денеска сакаче во четвртфиналето да донесе реприза на финалниот меч од Париз во 2006 година, помеѓу Арсенал и Барселона. Европскиот првак ги доби „топчиите“ за противник, а ова ќе биде прв пат на Тиери Анри да игра против својот долгогодишен тим, чија ѕвезда беше. Вториот суперинтересен дуел е пресметката на најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен, четирикратен европски шампион, против Манчестер јунајтед, трикратен првак и финалист на последните две финалиња во Лигата на шампионите.

Франција може со сигурно да слави полуфиналист, откако Лион и Бордо во меѓусебна пресметка ќе го дадат патникот меѓу најдобрите четири, кој ќе се бори за финале со подобриот од дуелот Баерн Минхен – Манчестер јунајтед.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Лион – Бордо
Баерн Минхен – Манчестер јунајтед
Арсенал – Барселона
Интер – ЦСКА Москва
– мечевите се играат на 30 и 31 март односно 6 и 7 април

ПОЛУФИНАЛЕ
Баерн/Манчестер ј. – Лион/Бордо
Интер/ЦСКА – Арсенал/Барселона
– мечевите се играат на 20 и 21 април односно 27 и 28 април

ФИНАЛЕ
Мадрид – „Сантјаго Бернабе“, 22 мај
{loadposition content9}