Skip to main content

Крај за Зенит, Фиорентина, Селтик и Фенер

Фудбалерите на Зенит, Фиорентина и Фенербахче, дефинитивно после натпреварите од 5-то коло на Лигата на шампиони се простија од шансите да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето.

 |  Крсте Голабовски  | 
Liga na sampioni
Лига на шампиони
Фудбалерите на Зенит, Фиорентина и Фенербахче, дефинитивно после натпреварите од 5-то коло на Лигата на шампиони се простија од шансите да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето.

Од групите, Е,Ф,Г и Х познати се сите осум екипи кои одат во шеснаесетина финалето на Лигата на шампиони, а тоа се: Манчестер, Виљареал, Лион, Баерн, Арсенал, Порто, Јувентус и Реал.

Liga na sampioniЗенит го отвори колото со бледо реми без голови против Јувентус, а минималецот на Реал против Бате Борисов беше доволен кралевите да и се придружат на старата дама во нокаут делот на Лигата на шампиони.  Во групата Г, Арсенал долго ја играше својата неефикасна игра, а во самиот финиш, помалку сомнителниот гол на Николас Бентнер го донесе триумфот против Динамо  и најверојатно ги испрати украинците во купот на УЕФА.

Во вториот натпревар од групата, Порто преку Лисандро Лопез заслужено го совлада уморниот Фенер и го смести ривалот на дното на табелата. Во дербито на вечерта беше жестоко, но на Ел Мадригал не е виден ниту еден гол меѓу Манчестер и Виљареал, што е сосема доволно за пласман на двете екипи, додека во Фиренца, подобри беа гостите од Лион, кои после 2-1останаа на чело на групата. Баерн со додавање на гас во второто полувреме за 3-0 над несреќната Стеауа остана рамо до рамо со французите. Во преостанатите натпревари од групата Е Алборг запиша историска победа во Лигата на шампиони и со резултатаот од 2-1 ја продолжи црната серија на гостувањата на Селтик.

 

 

{loadposition content9}