Skip to main content

Италијанско „Џиро“ во Црна Гора

Владата на Црна Гора усвои одлука и земјата ќе се обиде да биде домаќин на воведните три етапи од познатото велосипедско „Џиро д’Италија“ во 2016-та година.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Владата на Црна Гора усвои одлука и земјата ќе се обиде да биде домаќин на воведните три етапи од познатото велосипедско „Џиро д’Италија“ во 2016-та година.

Crna GoraЦрногорците веќе имале средби со луѓето од натпреварувањето и заклучено е дека земјата располага со неопходниот потенцијал за сместување и со потребните патишта, пренесуваат медиумите.

„Џиро д’Италија“ е меѓу најпознатите велосипедски натпреварувања во светот, заедно со Тур д Франс и со шпанската Вуелта.

Првиот „Џиро“ е од 1909-та година, досега се одржал 96 пати, а паузирал за време на Светските војни. Надвор од Италија гостувал во Монако, Сан Марино, во Белгија, Ватикан, како и во Франција.

Велосипедистите три недели минуваат низ Алпите, а финишираат во Милано, иако рутата може да биде променета.

{loadposition content9}