Видео: Вака изгледа кога ќе се спојат фудбалскиот и божиќниот дух
Фудбалскиот свет го обиколува божиќната магија од стадионот на Унион во Берлин

Не така одамна во 2003 година неколку навивачи на Унион, клуб од негогашниот источен Берлин, се разделиле без да си честитаат Божик. Повторно се собрале по неколку години и одлучиле да испеат божиќни песни на стадионот. По неколку години на An der Alten Forsterai стадионот пееле преку 20.000 навивачи со фамилиите, а така било и минатата вечер.
Германскиот второлигаш е еден од оние клубови кои го носат навивачите и кој му пркоси на модерниот фудбал. Навивачите веќе еднаш го спасија клубот со масовно продавање на крв, а потоа собирале пари па сами го изградиле и обновиле стадионот.
Минатата ноќ 27.500 навивачи уште еднаш 90 минути пееја божиќни песни, одморот траел 15 минути, а целата оваа слика го обиколува светот. Приказната за берлинскиот Унион е една од романтичните какви што денес се ретки кога ќе се спојат фудбалскиот и божиќниот дух, а тоа можете да го погледнете во видеото подолу.
{loadposition content9}







