Извлечени двојките за полуфиналните мечеви во ЛШ
Атрактивни и спектакуларни двојки во Лигата на шампиони

Денес во Нион се одржа ждрепката за полуфиналните двојки во Лигата на шампиони. Во полуфиналето на Лигата на шампиони се среќаваат Манчестер Сити – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – Баерн Минхен. Победникот од дуелот Манчестер сити – Реал Мадрид ќе биде формално домаќин во финалето кое се игра во Милано.







