Skip to main content

Извлечени паровите за баражот за СП 2010 од Евро зоната

Во Цирих беа извлечени паровите од европаксата зона за баражот за СП 2010 во Јужна Африка.

 |  Крсте Голабовски  | 
izvlekuvanje
извлекување

Во Цирих беа извлечени паровите од европаксата зона за баражот за СП 2010 во Јужна Африка.

УЕФАПрвите натпревари се играат на 14-ти, а реваншите се на 18-ти ноември. Русите може добија најлесен противник, а дефинитивно најинтересни треба да бидат дуелите меѓу Ирска и Франција, како и оној на БиХ со Португалија.
Франција, Португалија, Русија и Грција беа носители во овој ждреб.

Еве ги паровите:

Република Ирска – Франција
Португалија – Босна и Херцеговина
Грција – Украина
Русија – Словенија

Во истите термини ќе се одигра и американскиот бараж, каде Костарика се сретнува со Уругвај.

Додека на 14-ти ќе се одигра и возвратната средба меѓу Нов Зеланд и Бахраин, како и последното коло од африканските квалификации, по што таму ќе бидат познати уште 3 патници за СП и со тоа ќе се дадат сите 32 учесника на СП 2010.
Досега пласман обезбедија 23 селекции.

{loadposition content9}