Се извлекоа само со опомена
Крег Белами од Сити и Гери Невил од Манчестер Јунајтед сепак нема да бидат суспендирани од англиската ФА туку тие само ќе бидат опоменти.
Крег Белами од Сити и Гери Невил од Манчестер Јунајтед сепак нема да бидат суспендирани од англиската ФА туку тие само ќе бидат опоменти.
Во соопштението на англиската ФА стои:
“ФА денес ги опомена играчот на Манчестер Сити, Крег Белами и играчот на Манчестер Јунајтед Гери Невил поради одделнит инциденти предизвикани на неделниот дуел на Олд Трафорд.”
“Белами ќе биде контактиран од ФА и ќе биде предупреден за неговото идно однесување на теренот.”
“Гери Невил ќе биде потсетен кои се неговите задачи, бидејќи направи спротивно од тоа после постигнувањето на голот.”
“Исто контактиравме со Манчестер Јунајтед и го разгледавме инцидентот со фрлањето на паричката. Очекуваме клубот да ги превземе потребните мерки во врска со фанот кој ја фрлил паричката и со тој кој што влезе на теренот.”
{loadposition content9}