Skip to main content

Хаиме Алгуерсуари ќе вози за Торо Росо

Шпанскиот возач Хаиме Алгуерсуари, кој наредната недела ќе дебитира на трката за Големата Награда на Унгарија на Хунгаринг, ќе стане најмладиот возач во Формула 1 на сите времиња.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jaime Alguersuari
Хаиме Алгуерсуари

Шпанскиот возач Хаиме Алгуерсуари, кој наредната недела ќе дебитира на трката за Големата Награда на Унгарија на Хунгаринг, ќе стане најмладиот возач во Формула 1 на сите времиња.

Jaime AlguersuariИмено, тој во трката ќе стартува со 19 години и 125 дена, со што ќе го престигне Мајк Таквел од Нов Зеланд, кој во 1980-та година дебитираше за екипата на Тирел, на трката во Канада, со 19 години и 183 дена.

Алгуерсуари зад воланот на болидот од Торо Росо ќе го замени французинот Себастиен Бурде, кој доби отказ минатата недела поради слабите резултати во оваа сезона.

Тимот на Ред Бул имаше премногу големи очекувања од французинот, но тој со неколкуте слаби трки ја загуби довербата кај сопствениците на Ф1-тимот, па беше принуден да си ги пакува куферите.

Шпанскиот возач Алгуерсуари својата кариера зад воланот ја започна во италијанската Формула Џуниор 1600, за потоа да промени неколку шампионати, а пред да ги засили редовите на Торо Росо настапуваше во британското Ф3-првенство каде исто така се запиша како намјлад возач во историјата со 18 години и 203 дена.

{loadposition content9}