Хорхе Лоренцо хоспитализиран
Актуелниот Мoto GP шампион, Хорхе Лоренцо, нема да учествува во преостанатиот дел од Холандското Гранд При бидејќи си ја скрши клучната коска на вториот слободен тренинг на Асен.
хорхе лоренцо
Актуелниот Мoto GP шампион, Хорхе Лоренцо, нема да учествува во преостанатиот дел од Холандското Гранд При бидејќи си ја скрши клучната коска на вториот слободен тренинг на Асен.
Возачот на Yamaha, кој што беше најбрз на првиот слободен тренинг во Холандија, ја загуби контролата над својот мотоцикл во брзиот сектор Хог Хеид и по падот се жалеше на болки во левата рака.
Неговата повреда беше потврдена по прегледот во медицинскиот центар. Тој ќе остане во болницата во текот на ноќта, а утре ќе отпатува во Барселона каде што ќе биде опериран.
{loadposition content9}