Skip to main content

Јужна Африка ја сака трката за Ф1 од 2010 година

Челниците на Гаутенг моторспорт компанијата објавија дека Јужна Африка сака место во календарот за најбрзиот циркус на светот во блиска иднина.

 |  Крсте Голабовски  | 
f1 logo
ф1 лого
Челниците на Гаутенг моторспорт компанијата објавија дека Јужна Африка сака место во календарот за најбрзиот циркус на светот во блиска иднина.

Компанијата гаутенг Моторспорт е оформена во надеж дека Формула 1 ќе се врати во Африка, а како можно место за одржување на трката за големата награда на Јужна Африка нејзините челници ја наведуваат патеката Кијалами во близина на Јоханесбург која веќе била домаќин на возачите на најбрзиот циркус на светот од 1967 до 1985 година а потоа и во 1992 и 1993 година.

JohanesburgПатеката Кијалами наредните 5 години ќе биде домаќин на трките во А1 серијата како и на светскиот супербајк шампионат, а првиот човек на компанијата Гаутенг Моторспорт, Стив Вотсон верува дека после 2010 година ќе ги угости и најдобрите возачи на денешницата.

„Почетокот на наредната година ќе ги завршиме сите проценки и мислам дека можеме да очекуваме да ја добиеме трката до 2010 година. Невозможно е да се очекува тоа да се случи порано, зошто како земја ќе имаме многу работа пред тоа“, изјави Вотсон.

 

 

{loadposition content9}