Skip to main content

Каде се парите од трансферите?

Истрага против Цеца Ражњатовиќ за злоупотреба на пари од продажба на фудбалери на ФК „Обилиќ“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ceca
Цеца

Истрага против Цеца Ражњатовиќ за злоупотреба на пари од продажба на фудбалери на ФК „Обилиќ“.

napisiСпоред пишувањето на белградскиот весник „Ало“ белградскиот општински суд од неколку странски фудбалски клубови ја добил оригиналната документација за продажбата на фудбалери на „Обилиќ“, на што се темели обвинението против српската фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ за злоупотреба на функција.

Истрагата за сомнителни продажби на фудбалери, што се води против вдовицата на Аркан,е почната уште во 2003 година, кога Цеца заврши четири месеци зад решетки во текот на акцијата „Сабја“.

На познатата пејачка на товар и се ставаат злоупотреба на положбата претседател на клубот „Обилиќ“, преку кој стекнала материјална корист од продажбата на 15 фудбалери во повеќе европски клубови.

Цеца, наводно, за себе присвоила над 22 милиони тогашни германски марки и 480.000 долари, додека во исто време трансферите се прикажувале како нејзини лични вложувања во клубот.

Во целата приказна е вмешана и сестратаа на Цеца, Лидија Величковиќ, која, исто така, е обвинета за извршување нелегални трансакции.

Ова е трет пат како обвинителството го дополнува обвинението против вдовицата на Аркан, а се очекува дополнителни договори за профдажба на играчи да достават и Австрија, Русија и Грција.

Цеца изјави дека нема коментар за најновиот развој на настаните околу истрагата.

{loadposition content9}