Skip to main content

ГРК Охрид

Кадетите во борба за трофеј

По три години Охрид повторно домаќин на завршен турнир од младинските ракометни лиги. За тоа се изборија младите ракометари од градскиот ракометен клуб Охрид родени 2004та година и помлади, кои ќе се обидат да ја донесат првата ракометна шампионска титула за овој град.
 |  Маја Савиќ  | 
Kадети во борба за трофеј

Кадетите на ГРК Охрид по освојување на првото место во групата со Струга, Енхалон и Сани и победатата на гости над Еурофарм Пелистер во борба за трофеј. Тие обезбедија место меѓу најдобрите 4 екипи во Македонија. Сега ги очекуваат најтешките две препреки до шампионскиот трофеј, полуфиналето против Бутел и евентуалното финале против подобриот од дуелот Алкалоид- Пролет. Сите четири екипи имаат изедначен квалитет со тројца до четворица големи таленти во екипата па предноста најверојатно ќе се бара во детали како што е поддршката од трибините.

Кадети ГРК Охрид се надеваат на трофеј - Наумоски

„Огромна благодарност до клубот и управата и целата организација која го организира овој фајнл фор овде во Охрид. Ние се надеваме на првата шампионска титула за клубот и затоа ја повикувам публиката да дојде во што поголем број на првот натпревар против Бутел во 10,30 часот.„ – вели Владимир Наумоски.

Ударното трио на охриѓани Шулески, Наумоски и Ристески нестрпливо го очекува полуфиналниот дуел. Тие тактички се подготвуваат за противникот кој исто така на позициите среден бек, пикер и лево крило има тројца играчи на кои мора да се внимава.

Кадети ГРК Охрид - Шулески

„Ја направивме видео анализата на екипата на Бутел. Ги знаеме нивните предности и слабости кои се надевам дека ќе ги искористиме против нив.Очекувањата се добри, очекуваме поддршка од публиката да биде наш 8ми играч. Се надеваме дека ќе одиме во финале. Со напорна работа и тренинзи стигнавме до овој фајнал фор турнир каде се надеваме дека ќе освоиме шампионска титула. Добивме многу искуство бидејќи тренираме сега со првиот тим и имаме подобри натпревари.“ – изјави Славчо Шулески.

За потсетување, сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Билјанини извори“. Првото полуфинале Охрид- Бутел е закажано за 10:30 минути, а второто Алкалоид – Пролет во 12:30 часот. Натпреварот за третото место ќе се игра во 17:30 а финалето во 20 часот. Ако пред три години во Охрид се афирмираа ракометните имиња Серафимов, Младеновиќ, Костески, Кузманоски, Додиќ, охридските вљубеници во спортот имаат шанса да ја запознаат новата ракометна иднина на Македонија.

Portal TVM brings Ohrid news with deep coverage.