Kајак-кану регата „Охрид 2009“
Во водите на охридското езеро од утре во организација на кајак кану клубот „Стрмец“ ќе се организира 8та меѓународна кајак-кану регата.
Во водите на охридското езеро од утре во организација на кајак кану клубот „Стрмец“ ќе се организира 8та меѓународна кајак-кану регата.
Кајак-кану клубот и мононаутика на мирни води „Стрмец“ од Охрид, оваа година ја организира 8та меѓународна регата „Охрид 2009“. Истата се организира по повод 63годишнината од формирањето на клубот.„ Далечната 1947год. по иницијатива на група граѓани од Охрид на чело со Александар Главинчев, Миле Кичеец и Хосни Пипидоко, кои се воедно и носители на кајакарскиот спорт во Македонија, се оформи кајак клубот во нашиов град“, вели Радован Попоски спортски директор.„ За жал од финансиски причини во 1973год. стагнира работата на клубот. Овој спорт иако не бара многу пари не се најде човек во градов кој ќе вложи во негово реоформување“, вели Попоски.„ Со голем ентузијазам од 1999год. правам натчовечки напори за негово опстојување“, вели тој. „Така и за оваа регата освен донацијата од градоначалникот, немаме ама баш никакви други дополнителни средства. Сепак нашата екипа е добро подготвена и очекуваме добри резултати“, вели Попоски.
„Свесни сме на кое ниво и во каква состојба се наоѓа спортот во Охрид, а воедно и спортовите на вода. Како родител, искрено да ви кажам навистина се разочарав кога видов во какви услови опстојува овој спорт“, вели Митко Пендов, член на управата на клубот.„ Некогаш кога јас бев дете имавме многу подобри услови од ова со кое се сретнуваме денес“, вели тој.„ Да напоменам само еден парадокс за информација, најновиот кајак е стар 15год.“ вели тој. „Сепак сме ентузијасти и се надеваме дека со одредена помош, клубот ќе заживее“, вели Пендов.
Учество на овогодинешната регата ќе земат гости од Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Струга, Дебар и Охридските кајакари. „Дојдовме во преубавиот Охрид со цел да имаме едно навистина убаво дружење, а секако и освоиме некое одличје“, вели Владимир Шоќ, од црногорската репрезентација.
„Овде мавистина преубаво сме пречекани и ветуваме дека во иднина ќе возвратиме за гостопримството“, вели Шоќ.
Осмата меѓународна кајак-кану регата ќе се одржува на 15ти и 16ти август во нашит град. Свеченото отворање ќе биде на кејот пред хотелот Палас. Учесниците ќе се натпреваруваат според возрасни категории и тоа: Пионери од генерација 1995-97год, Кадети од 1993-94год. и млади јуниори од генерацијата 1990-92год.
{loadposition content9}