Skip to main content

Кака останува во Милан

Приказната за суперфудбалерот Кака кој неколку дена се наоѓа на само чекор до најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, го доби својот епилог.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kaka
Кака
Приказната за суперфудбалерот Кака кој неколку дена се наоѓа на само чекор до најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, го доби својот епилог.

Имено пвиот човек на Милан, Силвио Берлускони во последен момент го прекина трансферот вреден 108 милиони евра. Тој во неверојатен преврат на ситуацијата го откажа веќе договорениот договор на Милан и Манчестер Сити, на кој според мениумите недостигаше само потписто на бразилскиот ас.

Rikardo KakaАгентот на Кака Боско Леите ги водеше преговорите со челниците на двата клуба,а според неофицијалните информации неговиот син денес претпалдне требаше да биде представен како новиот член на англискиот клуб.
Кака синоќа го напушти својот апартман под полициско обезбедување.

„Многу сум задоволен. Кака не само што е голем играч на теренот, туку е и есен човек. Не му се важни парите, тој сака да остане во Милан со своите пријатели.Многу е трогнат од подршката која му ја пружаат навивачите“, изјави Силвио Берлускони.

А од Манчестер Сити  стигна дефинитивна потврда дека кака не доаѓа, но челниците на клубот тврдат дека немало никакви интервенции, туку дека тие се повлекле од преговорите.

 

 

{loadposition content9}