Kако совршено да се шутне пенал
Професорот по спортски науки од Ливерпул Тим Кејбл соопшти дека заедно со неговиот истражувачки тим дошле до клучните сознанија како совршено да се изведе пенал во фудбалот.
пенал
Професорот по спортски науки од Ливерпул Тим Кејбл соопшти дека заедно со неговиот истражувачки тим дошле до клучните сознанија како совршено да се изведе пенал во фудбалот.
Според студијата на Тим Кејбл ,играчот треба да е оддалечен пет до шест чекори од топката, под агол од 20 до 30 степени и по шутот топката треба да оди со брзина од 104 км/час во еден од голманските агли оддалечени половина метар од стативата и исто толку од пречката.
Ваков шут според професорот за голманот би бил неодбранлив.
Мотивот за ова истражување на англискиот научник биле петте промашувања од шестте изведени пенали на неговата репрезентација на големите фудбалски натпреварувања.
{loadposition content9}