Skip to main content

Македонска фудбалска репрезентација

Капитенот Стефан Ристовски се повлече од репрезентацијата

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација одлуката ја објави на социјалниите мрежи со објаснување дека се повлекува поради нарушениот однос со селекторот Благоја Милевски.
 |  инфодеск  | 
Стефан Ристовски

Стефан Ристовски, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, ја извести јавноста дека поради лошиот однос што го имал со селекторот Благоја Милевски, решил да се повлече од националниот тим. Ристовски одлуката ја објави на социјалните мрежи.

„Односот меѓу мене и сегашниот селектор Благоја Милевски не е во најдобар ред, за што и лично сме разговарале. Од моја страна му било предочено, како капитен, за се она што се случува во и околу репрезентацијата“.– напиша во објавата Ристовски.

Стефан Ристовски од 2011 година е стандарден репрезентативец. За националниот тим одиграл 80 натпревари и постигнал два гола. Ристовски беше играч на Ријека, Парма, Спортинг Лисабон, а сега е во Динамо Загреб со кого игра еврокупови и прослави неколку шампионски трофеи.