Skip to main content

Втора македонска фудбалска лига

Караорман одличен во Втората лига, Ќазимоски на радарот на неколку прволигаши

22-годишниот Ќазимоски има одиграно вкупно 29 првенствени натпревари, со вкупно 2326 минути.
 |  инфодеск  | 
Караорман

Со одигрување на баражите ќе биде затворена сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Екипата на Караорман од Струга сезоната 2022/23 ја заврши на 11. место со 34 бодови. Стружани зад себе имаат одлична сезона, откако лани како шампиони на Трета лига – Југозапад, преку баражот обезбедија место во второлигашкото друштво, за што веќе објави ТВМ.

Караорман во своите редови има млади и талентирани фудбалери, кои веќе се на радарот на неколку прволигаши и второлигаши кои имаат амбиции за пласман во повисок ранг на натпреварување.

Талентираниот и надежен фудбалер на оваа екипа, Јасин Ќазимоски имаше одлична сезона во дресот на езерскиот тим.

Стружанецот беше еден од главните играчи, давајќи голем придонес заедно со соиграчите во успешната сезона, во која Караорман го потврди местото и за следната година да игра во Втората лига.

22-годишниот Ќазимоски има одиграно вкупно 29 првенствени натпревари, со вкупно 2326 минути. Тој постигна два гола, еден против екипата на Вардар и еден против екипата на Каменица Саса.

Неговата игра и борбеност во средниот ред ја забележаа неколку екипи од Втората лига и некои од Првата лига. На негова адреса пристигнаа неколку интересни понуди за следната сезона. Се надева дека ќе избере тим кој ќе придонесе за негов поголем фудбалски развој и афирмација во фудбалската кариера, пренесува Опен ТВ.

Во својата кариера Ќазимоски покрај за Караорман има настапувано и за Велешта, Охрид Лихнидос, Велазерими, Ренова и Младост Царев Двор.