Каспаров поведе продив Карпов
Гари Каспаров поведе со 2:0 против Анатолиј Карпов во новата битка на големите шаховски умови.
Карпов и Каспаров
Гари Каспаров поведе со 2:0 против Анатолиј Карпов во новата битка на големите шаховски умови.
Помладиот екс светски првак ги доби и двете партии со забрзан ритам во вчерашниот прв ден во Валенсија.
Во првата, иако со бели фигури и со подобра ситуација на таблата, Карпов имал време само за 24 потега.
Во втората партија Каспаров заиграл поагресивно и по 28 потега го матирал противникот кој повторно бил краток со секунди.
Големите ривали и вечерва ќе играат две партии, а утре ќе се пресметаат во 8 брзопотезни игри.
{loadposition content9}