Катанец – се уште има шанси за Мундијалот
Македонија се уште има шанси да го обезбеди историски настап на Светското првенство во фудбал, што 2010 ќе се одржи во Јужна Африка, оцени денеска селекторот Среќко Катанец.
Среќко Kатанец

„Ништо не е изгубено, во јуни ќе се одиграат елиминаторните мечеви за Македонија. Јас мислам дека сите репрезентации сме таму. Јас се надевам дека фудбалерите што ги имаме во тој период ќе бидат во добра форма и после некои работи кои не функционираат треба да ги поправиме“, изјави Катанец.
Тој уште еднаш потенцираше дека во моментот кога Македонија ќе ги изгуби шансите за второ место во квалификационата група, ќе ја напушти неговата позиција.
„Додека имаме шанси да го освоиме второто место во групата, јас ќе бидам тука. Кога ова нема да биде можно јас ќе отидам и на мојот наследник ќе му посакам добра среќа со репрезентацијата” изјави Катанец.

{loadposition content9}