Кличко против Хеј на стадионот на Шалке 04
Светскиот шампион во тешка категорија Владимир Кличко ќе ја брани титулата против предизвикувачот Дејвид Хеј од Велика Британија на 20 јуни во Германија.
Владимир Кличко

Мечот ќе се одржи на стадионот на фудбалскиот бундеслигаш Шалке во Гелзенкирхен, кој има капацитет од 61.000 гледачи и подвижен покрив.
„Постигнавме договор со Шалке 04 и со стадионот“, изјави менаџерот на Кличко, Бернд Бенте.
Преговорите меѓу двата табора траеја со месеци, а како можни локации за мечот беа разгледувани и стадионите „О2 арена“ и „Стемфорд бриџ“ во Лондон. За прашањата како што се ТВ-правата и евентуалниот римеч беше неопходно да се вклучи и посредник. Хеј би требало да добие неколку милиони фунти, а пренос од борбата би вршел ХБО.
Хеј (28) го навлече гневот на Кличко со позирањето за едно списание држејќи карикатурална верзија на отсечена глава на светскиот првак. Во досегашните 22 меча тој има само еден пораз, а сите други борби ги доби со нокаут.
Владимир (33), помлад брат на 37-годишниот шампион во ВБЦ-верзијата Виталиј, има 52 победи во 55 меча, од нив 46 со нокаут. Ако го победи Хеј, помладиот Кличко најверојатно ќе се соочи со Русинот Александар Поветкин во обврзувачки меч за одбрана на неговиот шампионски појас во верзијата ИБФ.

{loadposition content9}